Британските истражувачи дојдоа до интересно откритие!
Гледањето видеа со слатки животни се покажа како нешто повеќе од само бескорисна забава. Британски истражувачи од Универзитетот во Лидс откриле дека ваквите видеа се добри за менталното здравје – и можат да го намалат нивото на стрес до 50%.
Во експериментот учествувале 19 лица: сите учесници гледале получасовно видео за квока (quokka) – слатки глодари кои живеат во Австралија и се познати како најсреќните животни во светот, благодарение на насмеаните лица.
Петнаесет лица кои учествуваа во студијата беа студенти кои полагаа час и половина по експериментот, а останатите беа вработени кои секојдневно доживуваат стрес на работа. Пулсот и крвниот притисок биле следени за да се процени физичката состојба на испитаниците, а за психолошка анализа бил користен посебен метод, благодарение на што може да се утврди нивото на вознемиреност.
Се испостави дека средниот артериски притисок станал помал за време на експериментот, а срцевиот ритам се намалил за 24,4% за само 30 минути. Нивото на анксиозност во групата се намали во просек за 35%, а кај некои и за 50%. Еден учесник се опуштил толку многу што за малку ќе заспиел.
