Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Пријатели веќе 11000 години: Врската помеѓу кучето и човекот е подлабока отколку што мислиме

Најдобриот пријател на човекот од животинскиот свет е веројатно и неговиот најстар „придружник“, покажа студија за ДНК на кучиња објавена во списанието „Сајанс“.

Анализите покажуваат дека кучето е припитомено некаде пред 11.000 години, околу крајот на последната ледена доба, што значи дека ова „пријателство“ се случило пред било кои друг познат животински вид.

Прашањето е зошто луѓето сѐ здружиле со тоа прекрасно животинче и како се појавило тоа. Ова на крајот е од интерес за нас, изјави за Би-Би-Си Понтус Скоглунд, коавтор на студијата и лекар кој се занимава со древни геноми, од институтот Крик во Лондон. Тој додава дека не е јасно кога точно и каде се случило првото припитомување.

Кучињата се наши најстари и најблиски партнери за животни. Со помош на ДНК на древните кучиња, можеме да видиме колку далеку оди во минатото нашата заедничка историја и ни помага да разбереме кога и каде започна таа длабока врска, изјави Грегер Ларсон, коавтор на студијата од Универзитетот во Оксфорд.

Се смета дека кучињата еволуирале од волци кои се осмелувале да влезат меѓу луѓето, можеби душкаат наоколу и бараат храна. Кога биле скроти, тогаш можеле да им служат на луѓето како ловџии или чувари. Резултатите сугерираат дека сите кучиња потекнуваат од единствено изумрено население на волци, или можеби од повеќе тесно поврзани.

Многу животни, како што се мачките, веројатно биле припитомени кога луѓето се населиле во трајни населби, пред околу 6.000 години. Тие беа корисни за уништување на глувци. Нивното припитомување веројатно се одвивало во лулката на земјоделството на Блискиот исток.

За кучињата, тоа може да биде насекаде: во студениот Сибир, топлиот Блиски исток, југоисточна Азија. Сите овие можности се на ум, објасни Понтус Скоглунд. (Кина)

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement