Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ултимативен HERMES подарок за љубителите на шминка и луксуз

На почетокот на оваа година, брендот Hermes привлече големо внимание објавувајќи ја својата линија за убавина, која својот живот го започна со луксузни, одржливи кармини…

Сега, познатата француска куќа им дава можност на своите клиенти да купат дваесет и четири бои на овој производ, во еден софистициран пакет. Наречен „24-Color Piano“, карминот Hermes доаѓа во пакет подароци, долг 88,3 сантиметри. Внимателно спакувана во познатата портокалова торба на оваа марка покрај кутијата, колекцијата ги содржи сите познати нијанси, како што се Beige Naturel, Rouge Orange и Rose Lipstick.

„За мене боите се како музички ноти. Со комбинирање, можете да создадете хармонија “, изјави Џером Турон, креативен директор за убавина на брендот Hermes. „Овие 24 бои се вклопуваат заедно, како дирките од клавирот. Ако ги поседувате сите, можете да играте бесконечно “, додаде тој.

Ограничено на само 440 кутии, 24-Color Piano ќе се најде во продажба од 15 ноември во одбрани бутици Hermes , по цена од 1.781 американски долари.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement