Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Знаете ли од што сѐ се состои плодната вода? Ќе се изненадите!

Дали знаете што точно е течноста што излегува од матката кога пука водењакот? Позната е како амнионска течност, но нејзиниот состав може да ве изненади. И не е тоа што мислите …

И покрај името плодна вода, течноста за која станува збор воопшто не е вода. Техничкиот израз е амнионска течност, а тој всушност се состои во дел, од урината на бебето.

Можеби ова звучи ужасно, но всушност е знак дека бебето добро се развива и напредува. За време на „престојот“ во матката, амнионската течност служи како дополнителна заштита, а бебето плови во неа и се развива непречено.

  • Додека бебето е во матката, неговите бубрези полека произведуваат урина и ова е еден од маркерите дека бебето добро се развива и е здраво. Бебето додека е во матката пие амнионска течност за да го одржи потребното ниво на кислород – објасни гинекологот Џозеф Сгрои за порталот Мама Миа.
  • Амнионската течност во матката служи како штит од удари и повреди и во исто време е извор на кислород за бебето – објасни гинекологот Даги Рајазигам од британскиот кралски универзитет.

За неколку дена по зачнувањето на бебето, амнионската кеса се формира и почнува да се полни со течност, првично со вода и телесни течности. Но, од десеттата недела од бременоста, бубрезите на бебето почнуваат да функционираат, што значи дека ослободуваат мала количина на урина во амнионската течност.

И до дваесеттата недела од бременоста – најголемиот дел од амнионската течност е урина на бебето. Но, покрај урината, амнионската течност содржи и растворливи хранливи материи – протеини, јаглехидрати и масти и минерали.

Амнионската течност исто така содржи мртви клетки на кожата на бебето што лекарите можат да ги искористат за да ги тестираат генетските нарушувања со едноставно земање примерок од амнионска течност, постапка позната како амниоцентеза.

  • Амнионската течност продолжува да се развива за време на бременоста се додека бремената жена не влезе во 38-та недела, кога амнионската течност почнува полека да се повлекува и бебето брзо да се развива. На почетокот на породувањето, “пука водењакот” и амнионската течност тече низ вагината на бремената жена. Овој исцедок може да биде само неколку капки, а може да биде и неконтролиран излив, објаснува д-р Рајазигам за „Сан“.

Во моментот на пукање на водењакот, бебето повеќе не е заштитено и е подложно на инфекции, што значи дека бремените жени треба да отидат во болница што е можно поскоро.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement