Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Култниот „Европски мустанг“ на Форд добива верзија за 21 век

Еден од најпознатите спортски автомобили што излегле од фабриките на Форд во Европа може да ја доживее својата реинкарнација за 21 век.

Легендарниот Ford Capri, чии три различни генерации беа произведени помеѓу 1968 и 1986 година, повторно може да се најде на производните линии на фабриката во Келн.

Рецептот на кој е создаден Capri, спортската издржливост и агилноста при возењето, во комбинација со елегантниот дизајн на издолжената линија на каросеријата, беа рецепт за успех, што овој производител има намера да го повтори.

Автомобилот што е создаден и стана познат како „европски мустанг“, иако бил создаден потполно независно од легендарниот американски „братучед“, сега конечно би можело да се поврзе со него.

Германскиот Auto Bild, кој го претстави можниот изглед на Capri за 21-от век на својот канал на YouTube, наведува дека модерната верзија на легендарното „fastbek“ купе може да се базира на сегашниот електричен модел Mustang Mach-E, што Ford го произведува во Америка.

Доколку се случи тоа, сигурно ќе биде многу интересно да се види како по повеќе од пет децении ќе изгледа враќањето на легендарното купе во електрично издание.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement