Што ја кршело, но не ја скршило познатата британска пејачка Скин, дознајте во возбудливата автобиографија „Skin: It Takes Blood and Guts“
Во септември излезе автобиографија на британската пејачка, текстописец, диџеј и повремена манекенка Дебора Ен Дајер, попозната како Скин. Во книгата што таа ја напиша заедно со музичката новинарка Луси О’Брајан, 53-годишната sвезда го опишува своето патување од коскено и непопуларно девојче што било исмејувано на училиште затоа што е слаба (оттука и прекарот Скин) до фронтменка на популарната рок-група Skunk Anansie и музичка дива.

Во нејзината автобиографија, обожавателите можат да бидат сведоци на незаборавни моменти од минатото на музичарот – како што се пеење на песната „Среќен роденден“ во увото на претседателот Нелсон Мандела, пиење коњак со џез дивата Нина Симон и дружење со дизајнерот Александар Меквин (чија муза беше токму таа), но и некои моменти кои повеќе би сакала да заборави – како ситуација кога нејзиниот колега и пријател Роби Вилијамс за малку ќе се степал со чуварите на еден руски ноќен клуб затоа што тие одбија да ја пуштат Скин внатре поради нејзината боја на кожа. Покрај бојата на кожата, таа доживеа проблеми и поради нејзината бисексуалност. Ѝ требало долго време, вели таа, да се соочи со светот, да не дозволи да ја победи, односно да го најде нејзиниот глас.

Го пронашла во средно училиште на час по глума на која присуствувала познатата актерка Џуди Денч. Тогаш Скин била охрабрена од Џуди „конечно да испушти глас што ја заледувала крвта“. Никогаш повеќе не дозволила никој да ја затвори, а кој сѐ се обидел во текот на нејзината кариера, дознајте на автобиографија на 300 страници што ви овозможува на неколку дена да ѝ „влезете во под кожата“.
