„Ќе патуваме низ светот низ мојот ум и ќе доживееме седум уникатни мириси каде што ги усогласив своите соништа, фантазија и имагинација.“
Без разлика дали станува збор за иконски црвени потпетици или производи за шминка со импозантно пакување, она што го носи потписот на Кристијан Лубутин секогаш освојува место на списокот со желби на секоја жена. Истото важи и за новата колекција на мириси на куќата, Loubiworld, која ќе биде претставена овој месец.
Во филмот на рекламната кампања, Кристијан Лубутин е во својата работилница, каде што ги меша сите состојки што сочинуваат нови парфеми во голем котел. Откако ќе го заврши рецептот, тој е пренесен во неговиот замислен свет каде рибите го заземале местото на птиците на небото, чаши чај лебдат, а облаците се во форма на ананас. Додека луташе по разните улици на Веспа, тој ги „запознава“ сите седум парфеми од колекцијата: Loubifunk, Loubidoo, Loubikiss, Loubirouge, Loubiraj, Loubicrown, Loubicroc.
Секој парфем, од најлесниот до најинтензивниот, открива лична меморија, фантазија или сон. За да ги оживее овие приказни, Кристијан Лубутин соработувал со неговата многу добра пријателка Хелен Тран, чиј етеричен дизајн ги рефлектира и поезијата и хуморот на секој универзум. Сите седум шишиња се црвени – омилена боја на дизајнерот – и се крунисани со украсено капаче. Дизајните се инспирирани од места, култури, спомени и соништа кои му припаѓаат на дизајнерот Кристијан Лубутин.
„Ќе патуваме низ светот низ мојот ум и ќе доживееме седум уникатни мириси каде што ги усогласив моите соништа, фантазии и имагинација“, вели тој.
