Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Ова мора да го пробате! Рецепт за „божиќен“ џин-тоник со вкус на медењак

За љубителите на џин-тоник, денес ви предлагаме една зимска варијанта на овој омилен коктел. Овој пат е збогатен со вкус на медењак. Поточно, амарето, кое со помош на неколку „зимски“ зачини добива препознатлив вкус на медењак и со додавање на triple sec создава навистина посебен џин-тоник.

Состојки за зачинето амарето:

– 125 мл амарето

– 1 стапче цимет

– 1 sвезден анасон

– 1 парче ѓумбир (со големина на лажичка)

– малку рендано морско оревче

Состојки за џин-тоник:

– 60 мл џин

– 90 ml тоник

– 20 мл зачинето амарето

– 10 ml triple sec

– Неколку коцки мраз

Подготовка:

1. Прво направете зачинето амарето затоа што мора да стои пред употреба. Ставете амарето, цимет, анасон, ѓумбир во стаклена тегла со капак и изрендајте малку морско оревче. Промешајте, затворете и оставете да отстои 24 часа за да се пропуштат сите вкусови.

2. По 24 часа исцедете го амарето и тој е подготвен за употреба.

3. Ставете амарето, џин, triple sec и мраз во шејкерот. Протресете добро и истурете во чаша, па истурете го тоникот во него и послужете.

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement