Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Колку цвеќиња се потребни за еден Chanel N°5?

Според Блумберг, јасминот за „Шанел 5“ се бере исклучиво во малото гратче на Азурниот брег, а семејството Мил го одгледувало веќе пет децении.

“Тој е најскапиот јасмин во светот. Има посладок мирис, помалку агресивен и помек од егзотичниот јасмин. Парфемот би бил сосема поинаков ако цвеќињата се одгледуваат на која било друга локација”, изјавил еднаш Џозеф Мил за весникот „Индепендент”.

„Шанел 5“ се појави на продажба во 1921 година, статистиката вели дека шише од тој парфем се продава на секои 55 секунди, а најдобра промоторка на „Шанел 5“ некогаш била Мерилин Монро, која тврдела дека го ставала пред спиење.

Јасминот за „Шанел 5“ се бере рачно, а семејството Мил вработува најмалку 70 луѓе за работа секоја година за време на бербата – што трае три месеци и започнува во август.

Се собираат пет хектари цвеќиња, а Џозеф Мил вели дека едно лице бере приближно половина килограм цвеќе на час. За еден килограм ливчиња од јасмин, потребно е да се соберат 8.000 редови.Овој конкретен јасмин од Прованса е 20 до 30 пати поскап од јасмин од Египет или Индија.

Во далечната 1921 година, легендарната дизајнерка Коко Шанел го ангажираше Ернесто Бо да ѝ направи шест мириси – од кои ќе избере еден. „Легендата“ вели дека Коко го избрала „бројот пет“, што и бил среќен број и – така настана „Шанел 5“.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement