Dior тргна во носталгична авантура, за да ја создаде својата resort 2021 кампања…
Фотографирани од Лена Луис, моделите Селена Форест, Мети Фол, Мариел Ушида, Сора Чои и Чаи Максимус, нè воодушевуваат од овие бајковити слики. Креативната директорка на брендот, Марија Грација Кири, била инспирирана од италијанскиот град Апулиа, претставувајќи ни лелеави фустани, кожни корсети и блузи со висок врат.
Со стајлинг потпишан од Елин Свон, додатоците вклучуваат украсни чанти, како и ленти за коса украсени со циркони. Фабиен Барон беше задолжен за уметничкиот правец на снимањето, додека Гвидо Палау ги потпиша фризурите, а Питер Филипс шминката.
Покрај принт кампањата, дел од приказната беше и краток филм, снимен во Лече, заедно со изведба на La Pizzica Tarantata.





