Филмот за авантурите на волшебничката Малефицент не можеше да помине без statement фустани, а еден од нив беше оној на модната куќа Ралф и Русо, за чие создавање дизајнерскиот тим на брендот помина дури 700 часа!
„Не се случува често да треба да смислувате фустани што можат да се комбинираат со рогови и крилја“, се пошегува Тамара Ралф, дизајнерка на брендот Ralph & Russo. Но, дури и во такви невообичаени околности, Тамара и Мајкл успеаја да ги задоволат сите страни – Анџелина Џоли, која им ги препорача Ралф и Русо на продуцентската куќа задолжена за снимањето на филмот, и главната дизајнерка на костимите на снимањето, Елен Мирозник.

Работата на фустанот започна со создавање основа на тул. Откако постигнаа совршен изглед, дизајнерите развија црн декор за фустан, сличен на потези со четки, а потоа буквално ја собраа облеката од парчињата користејќи специјален силикон. Додадени се остри искинати контури на фустанот за да се создаде ефект на „цртање на кожата“, и да се нагласи карактерот на главниот лик Малефицент.

„Ова е многу темен, темен фустан, но ја нагласува силата на хероината“, вели Тамара Ралф. „Анџелина навистина ни помогна додека работевме на овој фустан, па целиот впечаток на крајот изгледаше неверојатно хармонично“.

