Мислењата за Меган Маркл (39) се поделени. Додека некои ја обожаваат, други воопшто не ја сакаат. Сепак, нејзиниот добар стил и чувството за мода не можат да се оспорат. Скоро секогаш успева да ги придобие модните критичари, па затоа честопати се наоѓа на самиот врв на листата најдобро облечени жени со вистинска причина.

Меган студирала на универзитетот Нортвестерн каде што дипломирала театар и меѓународни односи. За време на нејзината последна година, таа работела во американската амбасада во Аргентина. Дипломата од факултет ѝ донесе статус на „силна и независна“ жена која успешно плови по холивудското ѕвездено небо. Сепак, актерката признава дека на патот кон успехот се соочила со дискриминација против која денес страсно се бори.

Покрај тоа што е амбасадор на хуманитарната организација „World Vision“, актерката истовремено беше и советник на „One Young World“, а моментално работи како адвокат на организацијата „UN Women“. Во август 2015 година, таа започна да се залага за нејзината мисија чиј слоган е „Кога жената владее, светот се менува“.
Разноврсната актерка водеше и свој блог наречен „Тиг“, кој се занимаваше со теми како што се патувања, храна, мода и убавина.











