Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Криси Тиген напишала трогателен есеј за загубата на детето

Кон крајот на септември Криси Тиген и Џон Леџенд искрено зборуваа за семејната трагедија.

Двојката сподели потресни фотографии на кои Криси тагува држејќи го своето новородено синче во раце. Родителите сакаа да го именуваат бебето Џек. По скоро еден месец, манекенката реши да стапи во контакт со обожавателите и да разговара за тоа што и се случува. Како прво, таа се заблагодари за огромната поддршка и зборовите на топлина што и ги испратија нејзините обожаватели.

„Мислев дека ќе седам во аголот од мојата спална соба со исклучени светла и ќе бидам сама со своите мисли. Ќе испијам чаша вино, ќе се завиткам во ќебе и ќе разговарам за тоа што се случи“, напиша Криси во есејот за својот блог.

Таа објасни зошто е толку важно за неа да направи фотографија во овој момент на болка.

Џон не можеше да ја разбере желбата на неговата сопруга. „Тој ги мразеше овие слики. Тоа е сигурно. Во тоа време, тој не можеше да разбере зошто е потребно. Но, знаев дека треба да ги зачувам овие моменти засекогаш, исто како што е важно за мене да се сеќавам на нашите бакнежи пред олтарот, солзите на радост и раѓањето на децата. И, сигурно знаев дека оваа приказна треба да се раскаже. Воопшто не ми е гајле за вас кои ги мразите овие слики. Не ми е гајле што многумина од вас никогаш не би го сториле тоа. Го живеев овој момент, решив да го сторам тоа. И, овие фотографии се наменети за оние луѓе кои некогаш го доживеале или навистина сакаат да разберат какви се тие чувства. Овие слики се наменети само за оние луѓе на кои им се потребни и не ми е грижа што мислат другите“, напишала Криси многу искрено.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement