Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Славната глумица се венча во тајност: Испливаа детали од интимната церемонија!

Познатата актерка Скарлет Џохансон се венча во тајност за време на викендот.

Имено, таа го изговори судбоносното „да“ на својот вереник Колин Џаст. За време на викендот се одржа интимна церемонија.

Приказната за венчавката е објавена на Инстаграм страницата „Wheels America“, иако двојката не се огласи.

  • „Среќни сме што Скарлет Јохансон и Колин Џаст се венчаа минатиот викенд на интимна церемонија. Тие ги следеа безбедносните процедури за да ги одржуваат гостите безбедни во согласност со апелите од Центарот за контрола на заразни болести“, се вели во соопштението на „Вилс Америка“.

Инаку, Скарлет и Колин започнаа да се забавуваат во 2017 година. Двојката се вери во мај 2019 година. Потсетуваме дека ова е трет брак на славната актерка – таа за прв пат се омажи во 2008 година со нејзиниот колега, актерот Рајан Рејнолдс, со кого се разведе три години подоцна, а во 2014 година по втор пат рече Да кога се омажи за Роман Дориак, со кого ја доби ќерката Роуз. Како и претходниот, актерката го напушти овој брак по три години, а обожавателите на шармантната холивудска sвезда се надеваат дека овој пат тоа ќе биде – „трета среќа“.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement