Серијата „Сексот и Градот“ својата прва епизода ја емитуваше за 6 милиони гледачи ширум светот на 6 јуни 1998 година. Со текот на времето, таа стана култна серија, последната епизода беше емитувана во февруари 2004 година, а многу фанови сè уште посветено ги гледаат репризите. Повторно и повторно.
Затоа, не е изненадувачки што публиката сепак ја поистоветува популарната актерка Сара Џесика Паркер со Кери Бредшо. И таа е свесна за тоа.
Иако, ако гледаме реално, Сара и Кери имаат нешто заедничко. Модата е дефинитивно неопходен дел од нивниот живот, па Сара Џесика Паркер сега е сопственик на голем број свои бутици низ Америка.
Сепак, популарната актерка откри дека улогата со која се здобила со огромна слава и популарност ја чинела нејзиното здравје, за што мора да се грижи денес.
Високите потпетици што се носат на секој сет од оваа серија се виновни за сè.
- „Лекарот ми рече дека мојата нога прави работи што не треба, и дека не се сите коски на свое место. Јас тоа си го „дозволив“ по години носејќи тешки и високи чевли на снимањето на серијата. Сега со вежби го коригирам тоа“, рече Сара, истакнувајќи дека Кери Бредшо „ѝ го загорчи животот“.
