Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

И тоа е Harley-Davidson: Од мотор до електричен велосипед

Минатата година Harley-Davidson го претстави својот прв електричен мотоцикл, а сега а сега е претставен првиот велосипед на струја од оваа компанија.

Овој пат станува збор за електричен велосипед кој е производ на одделот за e-bike на американската компанија.

Моделот носи ознака Serial 1 Cycle, а производителот наведува дека овој велосипед ќе пристигне во салоните во март 2021 година.

Harley-Davidson игра и на картата, носталгија, бидејќи името Serial 1 е поврзано со ознаката Serial Number One  што се користи за најстариот мотор на американската компанија од 1903 година.

Комплетниот дизајн на овој велосипед, со бели гуми, кафено кожно седиште и рачки, како и елегантна црна рамка, само потсетува на првиот прототип.

Промотивните фотографии покажуваат дека батеријата и светлата се интегрирани во рамката, но производителот не објави технички детали, па ќе почекаме уште некое време за информации за капацитетот на батеријата, автономијата на напојувањето и цената на овој велосипед …

Прочитај

Green Tea

Храна што ги влошува главоболките. Честите временски промени, хормоналните промени (како што е менструалниот циклус кај жените), високиот позитивен или негативен стрес, пушењето и...

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

Advertisement