Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Највредните животни лекции кои може да ги научиме од Џулија Робертс: Инспиративни цитати за љубовта и среќата!

Актерката Џулија Робертс е родена на денешен ден, во 1967 година, иако врз основа на нејзиниот изглед, никогаш не би го кажале тоа. Освен по значајните улоги, Џулија е препознатлива и по нејзините изјави кои често се цитираат.

Издвоивме некои од најубавите. Прочитајте ги внимателно:

  • Жените не се центри за рехабилитација на мажи со лошо воспитување. Не е ваша работа да го поправите, да го промените, да бидете негов родител или да го воспитувате. Сакате партнер, а не проект.
  • Повеќе би сакала да имам 30 минути нешто убаво отколку цел живот нешто што не е посебно.
  • Кога некој сака да те остави, пушти го. Вашата судбина никогаш не е врзана за некој што ве напушта, а тоа не значи дека е лошо. Тоа само значи дека улогата на таа личност во вашиот живот е завршена.
  • Верувам дека луѓето се поврзани во срцето и дека не е важно што правиш и кој си или каде живееш; нема ограничувања кога на две лица им е судено да бидат заедно.
  • Кога сакате некоја личност да биде среќна, дури и ако не сте дел од нивната среќа, тогаш тоа е љубов.
  • Вистинската љубов не доаѓа кај вас, таа мора да биде во вас.
  • Подобра сум заради сите работи што ми се случија, и добри и лоши.
  • Би сакала повторно да бидам девојче затоа што е полесно да ги поправам изгребаните колена отколку скршеното срце.
  • Тајната на сè е – сакајте го она што го правите.
  • Ако миете чаша над мијалникот, измијте ја таа чаша! Не грижете се за ништо друго. Забораваме да ги цениме наједноставните моменти од денот, возвишени а вообичаени.
  • Неверојатно е што може да се случи ако само прегрнете некого. Тоа е најискрено и наједноставно нешто, што често прави чуда. Се надевам дека сите можеме да го направиме ова едни за други.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement