Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кога уметноста ја исполнува модата – Се создава LOUIS VUITTON ARTYCAPUCINES

Веќе имавме можност да ги видиме иконските и саканите торби Louis Vuitton Capucines во различни варијации…

Почнувајќи од редок модел создаден од кроко-кожа преку оние со контрастни шавови, сè до безвременска канаринска жолта, секоја од опциите на Capucines ја буди нашата желба за купување. Овој пат, Louis Vuitton Capucines добиваат уметничка трансформација благодарение на групата од шест меѓународно реномирани уметници, кои ја продолжуваат сагата за метаморфозата на овој иконски додаток, комбинирајќи ја современата уметност, модата и изработката.

Колекцијата Louis Vuitton Artycapucines претставува модели создадени од Беатрис Милхазес, Жан-Мишел Отониел, Џош Смит, Хенри Тејлор, Лиу Веи и Жао Жао.

Беатрис Милхазис претстави брилијантна техника со спротивставување на 18 различни типови кожа врз основа на торба. Жanан-Мишел Отониел ни понуди модел на Capucines создаден од рачно плетена рафија со рачно везени сатенски детали, кои идеално се придружени со рачка создадена од големи црни монистра.

Џош Смит ја создаде торбата врз основа на неговите познати слики со името – надворешниот памучен дел од торбата беше платно за името на уметникот, кое ја покрива целата торба. Потписот Louis Vuitton е изработен од метал со дрвени влошки, додека рачката е од дрво.

Хенри Тејлор создаде почит кон неговиот близок пријател, Ноа Дејвис, со својата верзија на чантата на Capucines , создавајќи прекрасен портрет. Својот модел Лиу Веи го заснова на инсталацијата „Microworld “ претставена на минатогодишното биенале во Венеција.

Конечно, моделот потпишан од Жао Жао претставува над триста делови со ласерско сечење, кои се споени во елегантен, рефлектирачки состав. Достапни за купување од крајот на овој месец. Artycapucines торбите се создадени како лемитирано издание.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement