Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Патриша Филд, костимографка на серијата „Sex and the City“: Облеката го заокружи карактерот на секоја од улогите

Кери, Миранда, Шарлот и Саманта се врвни модни sвезди од малите екрани веќе неколку децении, а ова е дело на костимограф кој успеа да го „опише“ нивниот карактер преку облека и модни додатоци.

Првата епизода на „Сексот и градот“ се емитуваше во 1998 година, а серијата се емитуваше шест години. Во меѓувреме, покрај приказната за пријателството, стана и врвен моден хит, благодарение на костимографот Патриша Филд.

  • „Првата сезона беше поинаква и не беше толку модно ориентирана. Но, во втората, таа веќе стана планетарно популарна, па се појавија и дизајнери. Во исто време, облеката служеше за темелно врамување на секој лик, секоја од девојките имаше свој стил на облекување и изглед“ – истакна Патриша Филд, пишува Cheatsheet.

Кери Бредшо, Миранда Хобс, Саманта Џонс и Шарлот Јорк беа толку различни во ликовите што на прв поглед веќе беше јасно како живеат и размислуваат.

Во втората сезона дизајнерите „се мачеа“ да бидат во серијата, истакна костимографот, поради што серијата стана еден вид трендсетер.

Модната страна на серијата остана една од фокусите на приказната до крајот на снимањето, па улогите станаа модни икони. Сара Џесика Паркер и денес е дел од модниот свет, потпишувајќи своја сопствена линија чевли SJP.

Но, не само што чевлите беа клучен дел од стилот на главните ликови, туку беа цели комбинации, а дамите ги менуваа скоро во секоја сцена.

Електричниот стил на Кери, елегантната и чиста Шарлот, сексапилната деловна Саманта и деловната и строга Миранда се стилски релевантни и денес, што само докажува дека Филд завршила генијална работа.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement