Шпанскиот гигант Зара ја лансира својата прва линија на долна облека.
Колекцијата ќе содржи над 125 артикли, вклучувајќи градници, боди, пижами, ноќници, маици, хеланки и додатоци како маски за спиење и чорапи од кашмир. Цените за новата линија се движат од 17,90 долари за гаќички до 199 долари за свилени пижами.
Сите модели се достапни во црна, бела, розова, беж, сива и разни нијанси на кафеава боја. Во официјалното соопштение, претставниците на Зара нагласија дека колекцијата првично е „замислена и направена од гледна точка на апсолутен комфор, комбинирана со одлични елементи од тантела, сатен и тул“. Тие исто така додадоа: „Женственоста се открива овде преку пообичен пристап. Овие работи се создадени така што ќе можат да се носат од утро до вечер“.
Лансирањето на оваа линија е многу навремена одлука за компанијата. Многу клиенти низ целиот свет сè уште работат од дома, а вториот бран карантин започнува во повеќето европски земји. Ова значи дека повеќето клиенти сега претпочитаат долна облека и домашна облека наместо облека и модни додатоци. Исто така пред некое време, претставниците на компанијата објавија подготвеност да инвестираат околу 3 милијарди евра во воспоставување на бизнис преку Интернет во текот на две години.
.jpg)
