Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Savage x Fenty – нова кампања посветена на жените кои го победиле ракот на дојката

Октомври е месец на превенција од рак на дојка, а брендот на Ријана, Savage X Fenty, како и многу други брендови, објави колекција долна облека која има за цел да им помогне на жените.

За кампањата, брендот всушност одбра да раскажува приказни за три жени кои се бореа со рак на дојка. Кампањата Savage X Fenty се фокусира на три жени од црната заедница кои се соочија со агресивни форми на болеста и успеаја да победат.

Кајатанита, Ерика и Никија позираа за кампањата облечени во различни парчиња долна облека од колекцијата за подигнување на свеста за рак на дојка Savage x Fenty и ја опишаа „авантурата“ со нивното здравје. Кајатанити била дијагностицирана со рак на дојка на 32-годишна возраст и започна да пишува за својата битка со ракот на блог за да обезбеди поддршка на жени со слични искуства. „Чувствував дека е важно да споделам нешто низ што минував“, вели таа.

Ерика, која имала двојна мастектомија, рече: „Важно е да го слушате вашето тело“. Конечно, 26-годишната Никија опишува како лекарите ја испратиле дома, велејќи ѝ дека грутката во градите ќе помине со антибиотици! На крајот, и бил дијагностициран карцином при нејзината трета посета на лекар, а сега таа вели: „Ако моето тело каже дека нешто не е во ред, тогаш навистина е така“.

Savage x Fenty ќе донира 250.000 американски долари од продажбата на колекцијата посветена на месецот за превенција од карцином на дојка на фондацијата Клара Лионел, основана од Ријана.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement