Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Што ако ви кажевме дека можеме да го погодиме вашиот карактер според местото каде ја држите картичката?

МЕСТО Кантина на факултет
ВАШАТА ЕНЕРГИЈА Суптилен колекционер – Вашето старо железо сè уште е во гаражата на родителите. Не сте ја возеле уште од студентски денови, но никогаш не би се откажале од вашиот прв автомобил, билети за вашиот прв концерт, локна од првата фризура …

МЕСТO Kреветчето на вашето куче
ВАШАТА ЕНЕРГИЈА Пријателскa – Вие сте решени да запомните нечие име две минути откако ќе се претставите. Вие се почестувате со вечера, но не и пред да го испланирате утрешниот бранч.

МЕСТО Вашиот паричник
ВАШАТА ЕНЕРГИЈА Прекрасно основна – Вашата омилена пејачка е Лизо, а омилена боја е милениумската розова. Не разбирате зошто никој не става натална карта на профилот на Тиндер.

МЕСТО Валкани алишта
ВАШАТА ЕНЕРГИЈА Тенкомислен рецидивист – Вашиот живот се одвива во циклуси – во еден момент пеете girl-power, а во следниот молите со пораки кај вашето поранешно момче.

МЕСТО Некаде во вашата чанта
ВАШАТА ЕНЕРГИЈА Прилично неуредна – На прв поглед се чини дека имате сè под контрола, но на вашиот мобилен телефон има 50 неодговорени пораки и не се сеќавате кога последен пат сте ја измиле косата.

МЕСТО Вашиот фрижидер
ВАШАТА ЕНЕРГИЈА Громогласна – Сè уште сте лути на вашето момче за Snapchat сликата со расна бринета. (Што се покажа дека е негова братучетка.)

МЕСТО Вашиот градник
ВАШАТА ЕНЕРГИЈА Опседната со сериски убијци – Да, тоа е карактерна одлика. Пријателите повеќе не ве покануваат затоа што тие знаат дека барате нови објави на црна хроника на мрежата. Кому му е гајле?

МЕСТО Вие немате идеја каде е
ВАШАТА ЕНЕРГИЈА Вистинска добра девојка – Потрошивте многу пари на смрдливи масла за кожа. И знаевте дека таа е ТВ-продавачка. Вие едноставно не можете да кажете не.

МЕСТО Држач на чашата во автомобилот
ВАШАТА ЕНЕРГИЈА Нестрпливи – Додека сте гладни и чекате испорака од Мекдоналдс, вие сте зафатени со пишување „Кога ќе бидат новите песни?!“ под фотографиите на Ријана на Инстаграм. (Добро, тоа е она што нè интересира …)

МЕСТО Маска за мобилен телефон
ВАШАТА ЕНЕРГИЈА Постара сестра – Вие први користевте вибратор во средно училиште и секако се чувствувавте поканети да споделите совети за секс со сите што беа заинтересирани. Во исто време дававте упатства од вашата мајка.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement