Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Името го добиле од нивната прабаба, но исто така и од име на кактус? Приказната за првиот настап на Pearl Jam!

Во клубот Off Ramp во Сиетл, на денешен ден во 1990 година, новоформираниот бенд Mookie Blaylock за прв пат свирел пред публиката. Што не би било толку интересно за никого, доколку наскоро не потпишале договор со „Epic Records“, каде го промениле името во Pearl Jam.

Еди Ведер подоцна раскажал како бендот бил преименуван по неговата прабаба Перл, венчана со Индијанец кој имал специјален рецепт за џем од пејота кактус. Токму кога сите веруваа во приказната, Ведер признал дека таа е целосно измислена и дека членовите на бендот се согласија за името по концертот на Нил Јанг.

Сепак, првиот албум на „Ten“ Pearl Jam, е објавен во 1991 година, под силно влијание на класичниот рок. Тие пееја за депресија, самоубиство, осаменост и убиство. До средината на 1992 година, продажбата им била слаба, а потоа нагло скокнала. Pearl Jam стигна до второто место на листата на Билборд и се здобил со непосредна популарност.

Тие неодамна ја објавија својата најнова песна „Get It Back“, а вчера тие прославиле 30 години од својата кариера.

Ако времето беше нормално, веројатно групата ќе го обележеше со нов концерт, но тие за своите фанови подготвиле специјален стриминг на нивна свирка во Филаделфија, 2016 година.

Овој перформанс, веројатно најдобриот во нивната кариера, обожавателите ќе можат да го гледаат за прв пат, доколку се подготвени да одвојат 15 долари за тоа.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement