Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Новата ташна која го освојува светот – Сите треба да ја имаат!

Кога конечно ќе се соочиме со фактот дека потоплиот дел од годината дојде и помина, конечно можеме да се свртиме кон сите убавини на есента и зимата.

Иако студени, дождливи, облачни и понекогаш сиви, овие две сезони што ни сигнализираат дека се ближи крајот на годината имаат свој шарм и убавина. Пејзажите што не опкружуваат добиваат целосно нов изглед, остриот, ладен воздух ни помага полесно да се разбудиме, додека топлото чоколадо, удобните ќебиња, јакни и палта нè загреваат на совршен начин.

Мора да признаеме дека зимата и есента некако доминираат кога станува збор за модата и модните додатоци, бидејќи тие со себе носат бројни новини и парчиња во кои можеме да уживаме, на уникатен начин. Како што веќе знаете, брендовите досега презентираа бројни карактеристики на новата постудена сезона, а една од нив е и Диор.

Иконската торба Dior Lady доби зимско освежување, во форма на луксузно кадифе. Помала D-Lite верзија на оваа торба сe се нуди во класична црна, како и темно сина и костен боја. Горната рачка на оваа торба е изработена од двобојно кадифе, на кое му се дадени тонски споеви што ги комплетираат неговите архитектонски линии. Логото на Кристијан Диор се појавува во неговиот централен дел, додека белите детали и приврзоците на Диор му даваат сјај на ова луксузно парче. Одвојниот ремен за рамо е секако исклучително практичен. Оваа торба веќе може да се набави преку официјалната веб-страница на брендот, а нејзината цена е 4800 американски долари.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement