Светли бои како портокалова, тиркизна и розова, симетрија, носталгија за минатото во старите возови, телефонски штандови и заборавени сообраќајни знаци, хотели и светилници …
Сето тоа е дел од препознатливата естетика на филмовите на Вес Андерсон што понекогаш можеме да ја најдеме околу нас, а исто така може да нè наведе да ги набудуваме веќе видените простори на сосема поинаков начин или да нè мотивира да патуваме во потрага по фантастични, но реални пејзажи.
Сценографијата честопати изгледа како вистинската ѕвезда на неговите филмови, која има моќ да предизвика необична атмосфера, а тоа го препознаа Воли и Аманда, брачна двојка од Бруклин кои во 2017 година, креирајќи bucket list за патувања, го отворија Инстаграм профилот Accidentally Wes Anderson. Тој во меѓувреме се претвори во вистинска заедница од над милион обожаватели на филмови од Андерсон кои наоѓаат интересни места на сите континенти и ги споделуваат своите приказни.
Иако самиот Вес Андерсон нема никаква врска со проектот, тој ги поддржа и напиша предговор на книгата објавена оваа година, резултат на документирање фотографии и приказни за места што ја рефлектираат уникатната естетика на режисерот. Од Австралија, преку Индија, до Словенија и Исланд, овие фотографии докажуваат дека можеме да најдеме уметност и волшебна атмосфера во секојдневниот живот и можат да нè мотивираат да посетиме далечни места каде што живеат луѓе кои ја делат истата љубов кон убавината и филмот.
