Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Елен Деџенерес и сопругата Порша го купиле раскошниот имот за 27, а сега го продаваат за 40 милиони: Скапиот безбедносен систем ја „набил“ цената

Познатата водителка Елен Деџенерес и нејзината сопруга Порша де Роси наскоро повеќе нема да бидат соседи на принцот Хари и Меган Маркл во Монтесито, Санта Барбара, бидејќи ја ставија на продажба својата куќа изградена во стилот на оние на Бали.

Елен и Порша ја продаваат куќата за 39,9 милиони долари, само две години откако ја купија за 27 милиони долари.

Имотот, кој има пет спални соби и пет бањи одзади, нуди планински поглед, додека предниот дел нуди спектакуларен поглед на океанот.

Се претпоставува дека причините за прилично зголемената цена на куќата се подобрувања во системот на осигурување по провалата во текот на летото и купување на соседна куќа, која е припоена кон имотот.

Главната куќа, украсена во јужноазиски дух, се простира на 800 квадратни метри и има три спални и четири бањи, и изобилува со затворени и покриени простори за дружење.

Големиот чардак е достапен од главната дневна соба и кујната. Покрај другите објекти, пред куќата се наоѓа и базен со поглед кон океанот, а има и куќа за гости од 130 квадратни метри …

НЕ Е ЛЕСНО

Изминатите неколку месеци не беа лесни за Елен, откако вработените ја обвинија за придонес во токсична работна атмосфера, злоупотреба, расна дискриминација и сексуално вознемирување на сетот на нејзиното дневно ток-шоу.

Спроведена е внатрешна истрага, која резултираше со отпуштање на тројца продуценти, а Елен, кога се врати во септември за да ја снима новата сезона, им се извини на соработниците и гледачите за сите непријатни ситуации што се случиле и не требало да се случат.

Таа рече дека била длабоко погодена од обвинувањата за злоупотреба и сексуално насилство меѓу вработените. Но, многумина кои ја нападнаа, тврдејќи дека нејзиниот имиџ во јавноста е лажен и не покажува вистинска личност, исто така се сомневаат во искреноста на нејзините извинувања.

НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ПОСМЕШНИ

Дури и луѓето кои беа меѓу гледачите и учествуваа во наградните игри во шоуто тврдеа дека продуцентите ги предупредувале да не бидат позабавни или попаметни од Елен.

Тие исто така рекоа дека штом Елен престане да снима, ќе го промени расположението и нема да обрнува внимание на никого, нејзиното насмеано лице е само за камерите.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement