Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Скандинавка со беспрекорен стил: 4 модни тајни на Пернил Тејсбаек

Пернил Тејсбаек, е ултимативна scandi it – девојка, открива за Net-a-Porter кои модни правила не смееме да ги кршиме по секоја цена.

  1. Посебна летна и зимска гардероба

Сортирајте ја целата облека од плакарот во две групи, онаа за потоплите и оние за постудената сезона. Оваа тактика ќе ви даде подобар преглед на парчињата што ги имате за да уживате повеќе во нив и да создадете покреативни комбинации.

  1. Ризикувајте!

Додека првиот совет бара категоризирање на облеката, вториот ве замолува да го направите спротивното. Облечете го вашиот вечерен фустан преку фармерки и ролка! Излезете во тренерки и потпетици! Со промена на контекстот на некое парче можете да постигнете супер облека, пробајте!

  1. Не потценувајте накит

Накитот има прекрасна способност да го трансформира денот во ноќен изглед, и може целосно да ја трансформира здодевната облека. Инвестирајте во интересни парчиња и во никој случај не ја потценувајте нивната моќ!

  1. Знајте кои работи стојат добро на вас

Слепо следење на трендовите без да се земе предвид обликот на вашето тело, никогаш нема да ве претвори во икона за стил, напротив. Научете што ви одговара и не правете компромис за тоа бидејќи на крајот нема да се чувствувате добро ниту во вашата кожа. Мантрата која никогаш не смеете да ја заборавите е: „удобноста носи самодоверба“.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement