Кога велиме мантра, обично мислиме на некоја реченица што треба да се повтори на неодредено време и парите магично ќе се појават во нашите животи. Ова не е за тоа. Не е потребно да се повторуваат одредени зборови, туку да се менува начинот на размислување и погледот на светот.
Мантрата не е волшебно стапче што ги исполнува сите наши желби, но ако ги насочите мислите кон добри работи и во сè ги гледате позитивните страни, ќе започнат да се случуваат убави работи, а со тоа ќе пристигнат пари и сè што отсекогаш сте посакувале.
Ние сме креатори на нашиот сопствен живот, и без позитивни мисли нема добар живот, и тоа е докажано многу пати. Овој начин на размислување ќе ви помогне да поминете низ тешки моменти, ќе ве натера да гледате на реалноста од поинаков агол и да го започнете животот за кој отсекогаш сте сонувале.
Имам доволно од сѐ
Бидете благодарни за она што го поседувате во моментов и држете се до желбата да успеете и да бидете материјално постабилни. Прифаќањето на богатството што е околу вас, го буди заспаното богатство во вас. Ако постојано се чувствувате богати, работите сигурно ќе дојдат сами по себе.
Богатството доаѓа само на оние кои се благодарни за сè што имаат во сегашниот момент. Повторувајте си често: „Имам доволно од сѐ“. Тоа е универзален закон. И богатството и недостигот се внатрешни состојби кои се манифестираат во форма на вашата реалност. Донирајте го она што не мора да го имате.
