Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кога Наоми Кепмбел ќе каже што треба да правите – тука нема простор за грешка: Манекенката ги откри своите beauty ритуали

Кога се споменува убавината, многумина прво помислуваат на Наоми Кембел. Започнала да се бави со манекенство на 15-годишна возраст, а статусот на супермодел го стекна кога стана првиот црн модел на насловната страница на францускиот Вог. Со својот изглед и соработка со најголемите светски дизајнери, таа одбележа цела деценија, а до денес успеа да ги задржи убавините и изгледот што ги имаше на врвот на својата кариера.

Манекенката неодамна наполни 50 години и на читателите на Вог им откри неколку тајни на нејзиниот феноменален изглед.

Никогаш не прескокнува отстранување на шминка

  • „Ја чистам кожата секој ден, а ја вадам шминката секоја вечер пред спиење. Кога работите нешто во јавноста, лицето мора да се нашминка, и целата таа шминка продира во порите. Кога не работам, се обидувам воопшто да не се шминкам. Ми се допаѓа кожата да ми биде чиста, без никаква шминка“ – вели моделот

Се потпира на хидратантна крема

Хидратацијата ѝ е најважна, а добила совет од нејзината мајка секогаш да се грижи за влагата на кожата на лицето и телото. За кожата започнала да се грижи како дете, пред да започне со моделирање.

Претпочита сјајна кожа

Наоми сака нејзината кожа да биде сјајна и блескава. Како што истакнува, сувата, матирана кожа придонесува за постар изглед.

Навлажнувач со цинк

Наоми го започнува своето разубавување со прскање на лицето со навлажнувач базиран на цинк. Има антиинфламаторни својства и помага во спречување на појава на акни.

Пред да нанесе серум, секогаш користи ролери за лице

После нанесувањето на спреј со цинк, Наоми поминува со дермаролер преку лицето, бидејќи на тој начин кожата многу подобро апсорбира навлажнувачки серуми. Според дерматолозите, тоа е целосно оправдано. Употребата на ролери ја зголемува апсорпцијата на хранливите материи од 4% на дури 70%.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement