Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

DIOR ја лансира совршената зимска колекција

Најновата колекција на Диор за мажи ќе ги воодушеви сите љубители на зимата и снегот.

Дизајнирана од уметничкиот директор на машка мода, Ким Џонс, новата капсул колекција ни претставува општо проширување на брендот и вештините на Џонс кога станува збор за наоѓање на совршени соработници. И иако овој потфат можеби не привлекува толку внимание како соработките со брендот Supreme, веруваме дека љубителите на зимата и скијањето ќе бидат воодушевени од неговата понуда. Колекцијата е исполнета со функционални парчиња кои се претставени со интересни силуети, кои комбинираат делови од класични спортски модели и свечени понуди.

  • „Овие парчиња со високи перформанси, украсени со логото на Диор, комбинираат супериорна експертиза и минималистички дизајн за да понудат супериорен, предизвикувачки изглед“, рекоа од брендот Диор.

Како што дознаваме, новите парчиња ќе бидат достапни за купување во ноември во сите бутици на Диор и глобалните pop-up простори.

Со цел да се создаде оваа колекција, Џонс го ангажираше Descente, врвен јапонски бренд познат по своите зимски понуди, а особено парчињата дизајнирани за професионални спортисти. Резултатите очигледно се инспирирани од винтиџ јапонски спорт, така што тие вклучуваат јакни со перја и скроени панталони. АК Скии ја лансираше верзијата Диор на нивниот најпопуларен модел за потребите на оваа колекција, додека компанијата ПОЦ произведе заштитна опрема во вид на шлемови.

Како што дознаваме, цените на парчињата од оваа нова колекција ќе ве чинат од 295 до 8.852 долари.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement