Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

„Специјалниот“ часовник и облека на принцезата Дијана од 382 илјади долари

Меган Маркл е критикувана за новите фотографии!

Ова е прва официјална фото-сесија на војводата по одрекувањето од кралските титули. Меган Маркл и принцот Хари учествуваа во снимањето на американското списание „Тајм“, кое еднаш годишно ги набројува 100-те највлијателни луѓе во светот.

Среќната двојка избра класични стајлинзи за фотосесијата. Принцот Хари носеше бела кошула и костум, додека Меган носеше лесна маица и црн блејзер. Но, стајлингот на војвотката не е толку едноставен како што изгледа на прв поглед: таа веќе доби голем број на критики поради фактот што нејзината облека чини повеќе од 382 илјади долари.

Нејзиниот зглоб е украсен со нараквица и часовник Cartier – вреден 23.000 американски долари. Покрај тоа, овој часовник е далеку од вообичаеното: некогаш и припаѓаше на мајката на принцот Хари, самата принцеза Дајана. Костумот, кој Меган Маркл веќе го носеше за својот прв кралски вечерен прием, припаѓа на брендот Alexander McQueen – а цената е 2.800 американски долари. Но, најскапа работа е секако нејзината бурма, која чини 350 илјади долари.

Меган и Хари сè повеќе учествуваат во социјални настани, разговарајќи за различни релевантни теми. Во новиот „TIME100 Talk“, Меган и Хари решија да ги споделат своите ставови за подобрување на дигиталниот свет и запирање на ширењето на омраза на социјалните мрежи.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement