Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Неверојатно, но 70 проценти од жените воопшто не разговараат со својот партнер за секс

Според (застрашувачката) европска статистика, скоро 70 проценти од жените воопшто не разговараат со својот партнер за секс. Зошто е важен разговорот? Не можеме да очекуваме од партнерот да ги чита нашите умови и едноставно да знае што сакаме и што ни одговара. Значи, ние се лутиме, ако не разбирал, а ние всушност не сме му дале ниту шанса, затоа што не сме му кажале отворено што очекуваме од него. Значи, треба да разговараме. Отворено, искрено, без двоумење.

Најдобро е да се зборува за секс кога двајцата сте опуштени – можеби после секс, кога нашиот мозок е преплавен со ендорфин, т.н. хормонот на среќата. Притоа, не напаѓајте или обвинувајте го вашиот партнер, туку едноставно кажете сè што ви паѓа на ум, без да ја користите заменката ТИ. Прашајте ја вашата партнерка дали тој сака да зборува за секс, и ако е така, користете ја заменката Јас – на пример: „Би сакала…“ или „Би можела…“

Кога ќе започнете отворено да зборувате за секс, вашата врска ќе биде посилна, ќе се запознаете подобро и полесно ќе решавате други проблеми кои не се поврзани со сексот. Бидејќи вашиот партнер ви ги изразува своите желби или фантазии, не сфаќајте го како напад, туку како предлог или евентуално конструктивна критика – тоа ќе ви помогне и да се ослободите и конечно да уживате во сексот како што заслужувате!

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement