Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„Woke Barbie“ – Прогресивноста на Барби од кукла со недостижни идеали за убавина до активист и пример за малите

Барби, најпознатата кукла на светот, која годинава наполни 61 година, знае како да остане актуелна. Иако уште од самото основање е обвинувана за влевање недостижни идеали за убавина кај девојчињата уште од најрана возраст, нејзините производители се обидуваат да ја задржат Барби популарна и да го следат духот на времето.

Во нејзиниот долг живот, вечно младата Барби имала различни кариери, покажувајќи дека жените можат да ги извршуваат сите работи, па затоа таа била стјуардеса, доктор, пилот и возач на Наскар (меѓу другото).

Последен во серијата може да се додаде и активист. Имено, Барби на својот Јутјуб канал, кој брои 9,7 милиони следбеници, реши да зборува за, како што вели, тешки теми. Таа разговара со својата пријателка Ники за расизмот и привилегиите на белците, користејќи примери од секојдневниот живот. Нејзината пријателка Ники споменува дека иако имала најдобри резултати на француски јазик, професорката изјавила дека само имала среќа. Барби е исто така шокирана кога дознава дека, додека тие се натпреварувале кој ќе продаде повеќе налепници на плажа, Ники повеќепати била запрена од полицијата, која ѝ барала дозволи итн. На овој начин Барби се обидува на младата публика да ѝ ги приближи актуелните општествени теми и да ги појасни проблемите кои се главниот двигател на Black Lives Matter движењето.

Покрај политичките прашања на аполитички начин, во нејзиниот влог Барби допира и на теми како што е грижата за себе во ситуации кога луѓето не сакаат да ни дадат признание за идеи и што да правиме кога се чувствуваме лошо и безволно.

Иако звучи како оксиморон, Барби е „woke“ и свесна дека треба да се справи со денешните проблеми пред сѐ и најважно, преку зборување за нив, и станува сѐ подобар пример за малите.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement