Авангардија (Авангарда) е концепт на нова мегајахта од студиото Лазарини Дизајн што може да прими вкупно 60 лица.
Италијанскиот дизајнер Пјерпаоло Лазарини е познат по своите уникатни пловни објекти кои привлекуваат големо внимание, а при дизајнирањето на Авангардата, тој беше инспириран од јапонска манга од 1970-тите, односно изгледот на лебедите.

Пловилото е долго 137 метри со контролна кула во форма на глава на лебед. Но, оваа структура е всушност брод долг 16 метри што може да се оддели од остатокот на мегајахтата и да продолжи да плови независно.

Авангардата има пет палуби високи 18 метри, два хелипада, базен и бројни бањски области. Исто така, се планира да се движи со максимална брзина од 18 јазли.

Секако, овој брод засега е само концепт, а неговата изградба би чинела околу 500 милиони американски долари или повеќе од 25 милијарди денари. Затоа, не е изненадувачки што само најбогатите жители на светот можат да си дозволат ваква мегајахта.

