Овие чизми го освоија целиот моден свет со својот силен чекор, моќен дизајн и непогрешлива практичност, пишува Lepa & Srećna.
Дебел ѓон, сара што може да биде само малку повисока од глуждот, но и да оди до средината на листот, удобен простор за прстите, рамна пета – ова се одликите на таканаречените „chunky boots“ – обемни чизми што ќе доминираат на крајот на 2020 година, и почетокот на 2021 ..
Ѓонот може да биде дебел како мала платформа, како моделот што ги краси ормарите за чевли на популарните модели Ирина Шајк и Џиџи Хадид.
Никој не им одолеа, скоро и да нема модерен бренд кој не направил низа „combat“ чизми.
Диор ги нарече „диорирон“, а покрај него секако се наоѓаат Прада и Ботега Венета. Она што до неодамна беше резервирано само за имиџот на „хеви метал“, сега ќе го видиме со елегантни долги фустани и здолништа. Да не ги спомнуваме панталоните – сите варијанти се согласуваат меѓусебе.
Конечно, тој момент пристигна – да бидете облечени во најнова мода, а нозете да бидат суви дури и во најлошиот снег.
Секако, можен е и модел со врвки!
И ако сакате – и валканата бела варијанта!
И кај Стела Мекартни, во „камила“ боја …
