Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Љубовни афери, измами, козметички операции и расправии: Дали е таа најскандалозната прва дама?

Поранешната прва дама признала дека воопшто не им било лесно да поминат толку време заедно: „Ретко се гледавме преку ден, а сега имав можност да го видам како дремнува во 3 часот попладне. Да, тоа беше тест за нас. Но, тој напишав книга, а јас направив албум“, изјави таа за британски Телеграф.

Токму во тој период Карла одлучи да се откаже од алкохол, па тоа исто така имало влијание и врз домашната атмосфера.

“Кога пијам, претерувам. Мислев, ако го поминам карантинот со алкохол, готова сум. Не знам да бидам умерена со алкохолот”, изјави целосно искрената пејачка, која е во брак со Саркози од 2008 година.

Нејзиниот сопруг не ја поддржувал затоа што во текот на животот, и немал многу контакт со алкохол. „Тој не испи ниту капка алкохол во животот. Страда од силни главоболки, а кога бил помлад се плашел дека може да реагира на алкохол. Значи, тој не е свесен за позитивните страни на алкохолот. Му реков: „Мило ми е што не знаеш, инаку би го поминувал целиот ден во кафулиња “, изјави Бруни.

Поранешната манекенка не била сама со сопругот во куќата, згора на тоа, тие имале полн дом. “Имавме полна куќа, со нас секако беше ќерката на Џлијан, која ќе наполни 9 години во октомври, мајка ми беше со нас, но исто така беше и неговата сестра. Мајка ми има 91 година, а неговата сестра е 95 година. Италијански затвор, Боже мој, за малку ќе се убиевме “, додаде Карла низ смеа.

Пејачката и Саркози следниот месец ќе одбележат 13 години од нивното запознавање. Таа признала дека биле обединети со нејзиниот сопруг кога станува збор за моќ, еднаквост и рамнотежа.

„Се запознавме во вистинско време. 20 години порано ќе му требаше жена која ќе му биде поверна. И никогаш не би се доближил до човек кој има толку силен и доминантен карактер. Но, се запознавме кога бевме доволно силни едни за други“ истакна таа.

Таа исто така зборуваше за страста меѓу нив и како таа не стивнува дури и во куќа полна со луѓе.

“Имаме прилично голема куќа на југот на Франција. Имаме простор за работа, мали места каде што тој можеше да пишува, а јас да создавам музика. За љубов имавме спална соба, со клуч и дебели sидови”, се пошегува таа. Таа додаде дека и е жал за Никола затоа што не било многу пријатно да се биде заробен со неговата мајка.

Патем, во јавноста често се споменуваше дека Карла била во врска со Доналд Трамп во 90-тите години додека работела како модел ширум светот. Многумина ја исмејуваат Бруни, тврдејќи дека таа претерала со козметички зафати и затоа силно наликува на сопругата на Доналд, Меланија Трамп.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement