Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Никогаш не им се верува! Некои лажат за забава, а други заради корист!

Лагите не се секогаш лоша работа, понекогаш тие се единствениот начин да се избегнат расправии, но сепак постои став кај луѓето дека е подобро да се каже вистината.

Без разлика дали сте поборник за повремена лага или се залагате само и исклучиво за вистината, не е лошо да знаете кои хороскопски знаци имаат најголем талент за невистина:

Близнаци
Нивната неискреност честопати не е намерна, но сепак се случува затоа што Близнаците доста често се предомислуваат. Некако им е тешко да се држат до она што го рекоа, па често излегува дека се лажговци, дури и кога тоа воопшто не им било намерата.

Припадниците на овој знак се многу креативни, што им овозможува брзо да излезат со лаги на самото место. Близнаците лажат кога ќе се обидат да излезат од неволја, па на првиот знак дека се приближува неволја, лесно ќе дојдат до цело сценарио што ќе ги ослободи од обвинувањата.

Лав
Лавовите се драматични и нивната потреба да бидат во центарот на вниманието често ги инспирира да претеруваат со нештата. Кога ќе го сторат тоа, тие само сакаат да бидат поинтересни, најмногу затоа што вистината им е здодевна.

Вага

Кога лажат, лажат за да ја зачуваат хармонијата за која толку многу се стремат. Се разбира, понекогаш стојат лоши намери зад нивните лаги, но тие обично се обидуваат да бидат добри со секого, дури и по цена на вистината.

Јарец
Јарците се практични суштества и нивните лаги им помагаат лесно да излезат од ситуација во која не сакаат да бидат. Јарец попрво би рекол дека не пие кафе, отколку искрено да и признае на девојчето што биле на состанок дека едноставно не му се допаѓа. Тие сметаат дека тоа е грижа за другите.

Риба
Пријателски и полни со сочувство, Рибите понекогаш ќе продолжат да играат и користат маченичката карта, дури и ако треба да лажат за да бидат убедливи. Рибите инаку се многу искрен хороскопски знак, што уште повеќе го отежнува препознавањето дали лажат или не.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement