Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ЗА КРАЛИЦАТА: Заради вирусот корона, нема празничен одмор!

Кралицата Елизабета наводно била револтирана кога дознала дека нејзините вработени протестираат против нејзиниот план да ги задржи во кралскиот двор за време на Божиќ, со цел да се намали ризикот од инфекција со коронавирус.

Околу 20 вработени се побуниле затоа што кралицата ги спречува да го поминат празникот со своето семејство и сака да ги задржи во Норфолк за да и служат на неа, принцот Филип и другите членови на кралското семејство.

Чистачите, слугинките, готвачите и другите слуги не сакаат да бидат изолирани од своите најблиски, дури четири недели, сè со цел да се заштити здравјето на кралицата (94), која се плаши да не биде заразена со вирусот.

“Кралицата е лута, но работниците не се предаваат. Тие сакаат да и бидат лојални, но сметаат дека од нив се бара премногу”, рекол изворот за таблоидот Сан.

По извршувањето на сите должности во Бакингемската палата, кралицата обично ги поминува празниците во Сандрингем, но поради новонастанатата ситуација, Божиќ би можела да го помине во замокот Виндзор – првпат во изминатите 33 години.

Кралскиот портпарол изјави дека кралицата има намера да го намали бројот на ангажмани во Бакингемската палата пред Божиќ.

Но, таа би можела да биде принудена да донесе тешка одлука за тоа кого да покани на Божиќна вечера доколку сегашните ограничувања останат во сила до декември.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement