Ријана има долга историја на поместување на границите на естетиката и личниот стил, а сега ги поместува границите и на модните ревии. Она што порано беше модни ревии со модна писта на слаби модели, Рири го претвори во карневалско шоу што може да се следи на Амазон. Victoria’s Secret, who?
Во новата презентација на колекцијата долна облека Savage x Fenty, на сцената маршираа голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Demi Moore, Lizzo, Paris Hilton, Normani, Bellа Hadid, Willow Smith и изведувачи како Rosalia, Bad Bunny и Miguel. Покрај познатите имиња, бројни модели учествуваа во шоуто и претставија нова колекција во сите големини, што уште еднаш покажа дека Ријана ги разбира потребите и желбите на нејзината публика, и се обидува максимално да ја претстави идејата за инклузивност во нејзините брендови.

Покрај долна облека од тантела во неонски бои, кожа, ланци, ревијата претстави и неколку впечатливи убавини, за кои се надеваме дека нема сите да станат тренд. И првенствено мислиме на фудбалерката. Но, стравот е донекаде оправдан, бидејќи, како што знаеме, нешто е грдо сè додека Ријана не заклучи дека не е. Покрај фудбалерката, моделите носеа пунџи како кошници, трепки како ливчиња, шминка инспирирана од поп-арт и долги нокти.

Заедно со новата колекција на женска долна облека, најавена е и линија на машка долна облека, па се чини дека Рири по козметиката, женската мода и долна облека има намера да го заземе светот на машката мода.

