Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

ЧУДЕН НАРОД Зошто Холанѓаните немаат завеси – причината ќе ве изненади

Калвинизмот е насока на протестантизмот што ги постави темелите на холандското општество – дисциплина, трудољубивост и штедливост. И додека католиците веруваат во откуп, калвинистите веруваа дека нашата судбина е предодредена од Бог.

Верникот ја докажува својата вера со самоконтрола и економска активност. Секој материјален луксуз е во спротивност со скромноста на калвинистите. Историски гледано, свештенството на врвот уживаше во придобивките од финансиската добивка, но секогаш зад затворени врати, и уште поважно, повлечени завеси.

Спротивно на тоа, калвинистичкиот менталитет се фокусираше на политиката на отворени врати, бидејќи никој нема што да крие, и соодветно на тоа – прозорци се „на повелете“.

Денес, зградите во Амстердам се густо спакувани, а прозорските стакла се поголеми отколку во повеќето европски градови. Девојче од странство, кое дошло да живее во Холандија, пишува дека и било непријатно што цело време се чувствувала како воајер и открива дека повремено мавтала со луѓето во становите, но тие не реагирале.

Потоа, на првото жешко лето, таа намерно продефилирала во бикини, исто така без завеси, и со некои други „сомнителни активности“.

Никој од улицата еднаш не погледна од нејзиниот прозорец или ако го погледнаа тоа – немаше апсолутно никаква реакција.

Помладите генерации полека го фрлаат овој обичај во заборав.

Си-Ен-Ен пишува дека откако имигрантите почнаа да пристигнуваат во Холандија, младите Холанѓани сепак сакаа поголема приватност (да, истите млади луѓе кои често споделуваат интимност на социјалните мрежи), па сега на нивните прозорци може да се забележат се повеќе и повеќе шаблони и завеси.

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement