Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Неаполски fudge (РЕЦЕПТ)

Младата австралиска блогерка за храна, Никол Мари прави вкусни десерти без јајца, глутен, млеко, ореви и друга храна за кои постои сомневање дека се алергени. Благодарение на нејзините слатки деликатеси кои изобилуваат со здрави состојки, и не предизвикуваат алергии или воспаленија, повеќе нема да треба да го прескокнувате десертот. Испробајте суров неаполски fudge, од нејзината слатка книга за готвење „The Healthy Convert“, која не содржи млечни производи, јајца, глутен и ореви.

Состојки за чоколадниот слој:

55 гр кокосово кондензирано млеко
25 гр шеќер од кокос
25 мл јаворов сируп
50 гр путер од кокос
50 гр веганско млечно чоколадо, крупно исецкано

Состојки за слојот од јагода:

100 гр свежи јагоди, исчистени
55 гр кокосово кондензирано млеко
25 гр шеќер од кокос
2 лажички јаворов сируп
50 гр путер од кокос
60 гр бело веганско чоколадо или суров путер од какао, грубо сецкан

Состојки за слојот од ванила:

105 гр кокосово кондензирано млеко
60 гр путер од кокос
50 гр бело веганско чоколадо или суров путер од какао, грубо сецкан
1 лажичка екстракт од ванила

Постапка:

Покријте ги дното и страните на калапот за торти 10,5 х 20 см со хартија за печење. За чоколадниот слој, варете го кондензирано млеко, шеќер, јаворов сируп и кокосов путер мешајќи на средна топлина околу 5 минути или додека не се стопат шеќерите – не дозволувајте да зовријат. Тргнете го од оган и додадете го исецканото млечно чоколадо. Мешајте додека не се стопи чоколадото. Веднаш истурете ја смесата во калап, измазнувајќи ја површината. Ставете го во замрзнувач половина час.

За слојот од јагоди, измешајте го овошјето во мешалка. Кашестата маса потоа се цеди низ ситно сито што ги одделува цврстите материи од течноста. Гответе го исцедениот сок, кондензирано млеко, шеќер, јаворов сируп и кокосов путер, мешајќи на средна топлина околу 5 минути или додека не се стопат шеќерите – не дозволувајте да зовриваат. Тргнете го од оган, додадете бело чоколадо, промешајте додека не се стопи. Раширете ја смесата веднаш со лажица на слојот од чоколадо, измазнувајќи ја површината. Ставете го во замрзнувач половина час.

За слој ванила, на средно-слаб пламен, измешајте стопено кондензирано млеко и путер од кокос. Тргнете го од оган и додадете го белото чоколадо и екстрактот од ванила. Мешајте додека не се стопи чоколадото. Раширете ја смесата со лажица на слојот од јагоди, измазнувајќи ја површината. Ставете го во замрзнувач два часа.

Извадете ја тортата од калапот, извадете ја хартијата за печење и исечете ја на 12 коцки. Чувајте го во херметички затворен сад во замрзнувач до еден месец.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement