Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Прекрасна вила со потпис на Астон Мартин

Од познати автомобили до фантастични вили – брендот Астон Мартин се чини дека се истакнува во сè што прави…

На изненадување на своите обожаватели, славната марка речиси ги позајми своите дизајнерски вештини на приватен, станбен имот, во соработка со студиото S3 Architecture. Наречена Sylvan Rock, оваа резиденција доби аголен дизајн кој погодно ги имитира геолошките карпести формации на самиот имот. Имотот се наоѓа во долината Хадсон и може да се стигне преку живописен пат, кој е нареден со дрвореди и камени sидови.

Изграден со употреба на темно кедар и стакло, главната резиденција е со површина од околу 500 квадратни метри и содржи четири спални соби, две бањи, галерија гаража со доволно простор за три автомобили, прекрасен визба за вино, базен и куќа покрај него, како и функционална куќа за гости. Исто така постои и куќа од дрво, покрај зеленчуковата градина.

Коментирајќи, Катал Луан, директор на Aston Martin Partnerships, вели: „Sylvan Rock е силна мешавина на дизајнерска чувствителност. Создавањето луксузна резиденција со топли текстури, смели форми и исклучителна приватност е во согласност со визијата на Астон Мартин. Сакавме сопственикот и неговите гости да ја доживеат тродимензионалноста на вилата на органски начин, исто како што тоа го прават нашите автомобил“.

Цената на оваа вила е 7,7 милиони долари.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement