Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

УШТЕ ЕДНА МАГИЧНА ПРИКАЗНА ОД ТРИ – „ПОЛИКСЕНА СО ПРАСЕТО“ ОД БЈАНКА ПИЦОРНО

Издaвачки центар ТРИ ја објави книгата  „Поликсена со прасето“ од познатата италијанска писателка Бјанка Пицорно, во рамки на новата едиција „Магични приказни“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Книгата е приказната за Поликсена, весело девојче со богата фантазија кое, откако ќе открие дека е посвоена ќерка, бега од дома и тогаш почнуваат сите нејзини авантури. Патувачкиот циркус е нејзиното ново патувачко место под Сонцето, а сите нови средби, недоразбирања и отплеткувања на мистеријата водат до одгатнување на големото прашање: чија ќерка е Поликсена?, соопшти ТРИ.

Бјанка Пицорно e една од најзначајните современи италијански писатели за деца и млади, драматург, сценарист, илустратор и преведувач. Автор е на педесетина книги, преведени на многу светски јазици и речиси сите бестселери, за кои има добиено многу домашни и меѓународни награди. Меѓу другото, таа е петкратен добитник на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ за литература за деца. 

Пицорно е авторка која експериментира со вкрстување жанрови што резултира со извонредно забавни книги кои, иако изобилуваат со фантастични елементи, сепак се темелат врз искуства од реалниот живот и третираат актуелни теми.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement