Фановите на брендот ќе можат да доживеат посебни моменти благодарение на новиот документарец на францускиот режисер Лоик Пригент.
Jean Paul Gaultier организираше проштално шоу минатиот јануари, но неговите фанови ќе можат да ги доживеат тие моменти благодарение на новиот документарец на францускиот режисер Лоик Пригент. Поконкретно, гледачите ќе имаат можност да се движат зад сцената на ревијата на легендарниот моден дизајнер на Théâtre du Châtelet.
За да го прослави својот 50-ти роденден, Жан Пол Готје ја претстави својата најнова модна колекција на 22 јануари 2020 година во Théâtre du Châtelet, на спектакуларно шоу кое беше незаборавно. Режисерот, кој имаше ексклузивен пристап кон оваа модна ревија од страна на францускиот дизајнер, исто така претставува генијалец и одличен творец, како и креативниот процес што се менува постојано.
Прошталното шоу на Жан Пол Готје, во кое учествуваа познати модели и гости како Бој Џорџ, Дита Вон Тис, Роси де Палма и Беатрис Дале, претставија повеќе од 230 негови креации.
Документарец наречен „Jean Paul Gaultier se défile!“ премиерно ќе биде прикажан на францускиот телевизиски канал Франс 5, на 26 септември.
