Околу 85 проценти од луѓето пијат минимум три шолји кафе дневно во просек, а повеќе од 70 проценти од луѓето сметаат дека воопшто не би можеле да функционираат без шолја кафе.
Доза на кофеин рано наутро во мирисна чаша кафе е омилен начин за повеќето луѓе да го започнат денот. Сепак, инјекциите на кофеин се чини дека се попотребни во некои професии отколку на други места, откриено е во истражувањето на „Pressat “, на над повеќе од 10.000 луѓе.
Според нив, најмногу кафе пијат новинари, а потоа следуваат полицајци и професори, пишува The Independent. Околу 85 проценти од испитаниците пијат минимум три шолји кафе на ден, а 70 проценти од нив веруваат дека не би можеле да функционираат без кафе на работа.

Топ 10 професии во кои се пие најмногу кафе:
- Новинари
- Полицајци
- Професори
- Водоводџии
- Медицински персонал
- Извршни директори на компанијата
- Вработени во повикувачки центри
- ИТ луѓе
- Персонал за малопродажба
- Возачи
