Ријана се здружи со раперот Кристијан Комбс за да ја создаде првата колекција на машка долна облека Savage x Fenty.
Колекцијата за долна облека за мажи ќе биде претставена на ревијата на брендот на 2 октомври. „Сакав да направам колекција на машка облека што секој може да ја носи“, рече Ријана во изјавата. „И откако Кристијан направи толку одлична работа на модната ревија во 2019 година носејќи машка облека, знаев дека ни треба тој да ни помогне да ја создадеме колекцијата.“
Новата линија вклучува 11 парчиња: разни боксери со логото Savage x Fenty, како и свилени пижами, oversized смокинг и сатенски панталони со принт. Цените се движат од 13 до 70 долари.
Колекција „Savage X Fenty Show Vol. 2 ”, премиерно ќе биде прикажана на Prime Video. Ќе настапат многу познати модели и уметници како Бела Хадид, Кара Делевињ, Лизо, Вилоу Смит, Ирина Шајк, Парис Хилтон и Деми Мур.
