Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Топ причини за лошо расположение кај жените: Тука е и скршен нокт

Најдобар лек за жените е малку осаменост. Ова го поддржуваат и мажи, а дури две третини од нив признаваат дека се држат настрана ако видат дека нивната партнерка е лошо расположена.

Финансиски грижи, дебелина и партнер кој не слуша – се најголемите предизвикувачи на лошо расположение кај жените, покажа истражувањето на британската компанија „Healthspan“ спроведено на 2000 лица. Затоа припадничките на понежниот пол секоја година поминуваат 10 дена во лошо расположение.

Половина од жените признаваат дека се нерасположени, а една од седум е почесто тажна отколку среќна. Жените се согласуваат со овие тврдења, па затоа две третини од нив сметаат дека поубавиот пол е подложен на лошо расположение отколку мажите, потврди студијата.

Тие се обидуваат да го подигнат расположението со шопинг, вежбање, чоколадо и чаша вино. Сепак, најдобриот лек за жените е малку осаменост. Ова го поддржуваат и мажи, а дури две третини од нив признаваат дека се држат настрана ако видат дека нивната партнерка е лошо расположена.

  • „И жените и мажите се лошо расположени, но интересно е тоа што припадничките на понежниот пол сакаат да бидат сами во таква состојба, додека мажите ги прашуваат своите подобри половини за да ги расположат“ – изјави британскиот психотерапевт Сали Браун, како што објави Дејли меил.

Врвни предизвикувачи на лошо расположение кај жените:

  • Дебелина
  • Партнер кој не слуша
  • Чувството дека не сте ценети
  • ПМС
  • Ситуации каде немаат што да носат
  • Лоша фризура
  • Грижа за домаќинствата
  • Неблагодарни и непослушни деца
  • Акни
  • Ситуации каде не знаат што да подготват за вечера
  • Ситуации кога никој не сака да им подготви топол пијалок
  • Менопауза
  • Скршен нокт

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement