Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Нова дефиниција за луксуз на Карибите

Ако сте сонувале за одмор во тропски рај, кој ќе се карактеризира со луксуз, Парк Хајат Сент Китс, одморалиште на Карибите, е токму она што ви треба…

Со беспрекорна услуга, прекрасен поглед и автентично кулинарско искуство, ова ново одморалиште со пет sвездички го редефинира луксузниот рај. Дозволете си да се опуштите од реалноста и да се потопите во гламурот и раскошот на просторијата на плажа, да го откриете начинот на живот на островот и локалната култура, со неизбежен луксуз и секаков можен комфор.

Кога ќе дојдете на овој имот, првото нешто што ќе забележите е неверојатниот дизајн на одморалиштето, кое е паметно интегрирано во убавината на природната средина. Долгото, отворено и модерно лоби, кое магично ве влече кон плажата, се карактеризира со драматичен влез во оваа оаза.

Самото одморалиште има седумдесет и осум соби и четириесет и осум елегантни апартмани, многу со базени на покривот и тераси, а повеќето со поглед на плажа или море. Сите соби се пространи и рафинирани и нагласени со карипските бои.

Паркот Хајат Сент Китс нуди три неверојатни ресторани: Големата куќа, која е отворена цел ден и опфаќа рум бар, Fisherman’s Village – рибен ресторан над вода и Stone Barn, ресторан наменет само за возрасни кои сакаат да вечераат со стил.

За да ви помогнеме да се опуштите и да се релаксирате, одморалиштето располага и со прекрасната спа центар Миравал, каде што базен, сауна и парни бањи се достапни за сите гости. Здравствениот клуб е исто така дел од понудата, и содржи кардио опрема и тегови. Покрај тоа, дел од одморалиштето се и два базени, од кои едниот е наменет само за возрасни, а другиот за семејства.

Наследството на островот и неговата богата историја се длабоко и органски интегрирани во дизајнот на одморалиштето, што е очигледно во камените лакови и бројните други детали. Ако го посетите ова одморалиште, сигурни сме дека ќе откриете сосема нова дефиниција за луксуз.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement