И двата бренда потврдија дека ќе работат на заедничка колекција во наредните месеци.
Италијанската модна куќа Гучи објави кратко видео на Инстаграм и ТикТок на кое се гледа воодушевувачки поглед на планините и рака која држи знаме во ветрот со логото на Gucci и The North Face. Ова ќе биде прва голема соработка на Гучи со друг бренд откако Алесандро Микеле ја презеде функцијата креативен директор за брендот пред пет години.
Во последниве години, Гучи претставуваше само ситни соработки, како Либерти и Кен Скот. Во текот на изминатата деценија, брендот со седиште во Денвер ги прошири своите модни колекции преку партнерства со брендови како Supreme, Junya Watanabe и Sacai. Во февруари, The North Face претстави соработка со MM6 Maison Margiela, која е базирана на производи од марката Expedition System дизајнирани за екстремни временски услови.
