Британецот Џејми Оливер, или „Голиот готвач“, на својот Инстаграм профил откри одличен совет што на секое јадење ќе му даде посебен и богат вкус.
Познатиот британски готвач сподели со своите бројни обожаватели на Инстаграм еден добар трик што навистина прави разлика.
Ова е толку едноставен совет што вреди да се испроба.
Па така, додека го подготвуваше сосот за неговите вкусни и едноставни јадења со тестенини, Џејми објасни како да се мијат парчиња исечен кромид во вода. Како што вели, тоа го прави сосот уште повкусен.
Во најновата епизода од неговата емисија посветена на италијанската кујна на Канал 4, Џејми подготви вкусен сладок кисел сос со ракчиња и туна за тестенини кои ќе ве натераат да излижете прсти.
Џејми користел трик што го научил од италијанската Нона Росана за да ја ослободи горчината на кромидот и да го направи многу поблаг.
Објаснувајќи им го трикот на своите 8,3 милиони обожаватели на Инстаграм, тој напиша: „Јас го користам нејзиниот трик на миење исечен кромид во вода за да ги направам помеки. Покрај тоа, водата исто така ќе му даде дополнителна сладост при готвењето“
